ФОТО: Илјадници струмичани протестираат пред зградата на Заеви

– Пораки за унитарна Македонија, зачувување на идентитетот, името, знамето и химната и против двојазичност испратија од Струмица група граѓани кои се собраа под иницијативата „За заедничка Македонија“.

На собирот беа испратени пораки за отфрлање на „тиранската платформа“ и залагање за зачувување на темелите на државноста.

Претставниците на земјоделците истакнаа дека Македонија е државата во која последните 11 години фармерите станале партнер во државата и оти драстично е подобрена положбата на земјоделецот, преку исплаќање субвенции и други бенефиции.

Неколку илјади се приклучија на протестната колона која се движеше од плоштадот преку зградата на Комуналец и преку зградата во која живееше семејството на Зоран Заев и пак се вратија на плоштадот. Голем број знамиња, испишани слогани и запалени бакли го следеа овој мирен марш.

strumica

strumica-2

strumica-3

strumica-1

 

 

 

16.03.2017 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега