Страшна несреќа на патот Струга-Подмоље: Четворица во болница

Четири лица се здобија со телесни повредени во сообраќајната незгода што синоќа во 18 часот и 15 минути се случи на магистралниот пат Подмоље-Струга.

39-годишниот Н.С. и 35 годишниот О.С. и едно малолетно лице, сите од Охрид се здобиле со повреди и  со амбулантно возило се префрлени во Општата болница во Струга, каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Во болницата, на понатамошно лекување задржан е 52-годишниот С.Д. од струшкото село Радолишта.

-Во сообраќајната незгода учествувале возило трактор со приколка со струшки регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Г.К. од струшкото село Мороишта, патнички автомобил марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки управуван од 52-годишниот С.Д. од Радолишта, патнички автомобил марка „Форд Фокус“ со охридски регистарски ознаки  управуван од 39-годишниот Н.С. од Охрид, во кој како сопатници биле  35-годишниот О.С. и малолетното лице, информираат од СВР Охрид.

Сообраќајната незгода се случила  поради целосна неосветленост на тракторот и приколката полна со земја, односно негово управување по магистралниот пат од Подмољје кон Струга без запалени сигнални светла. Во критичниот момент, во задниот лев дел од приколката удрил автомобилот „Мерцедес“ кој се движел во истата насока. Ова возило, од силината на ударот се занесло кон спротивната коловозна лента и со задниот лев дел удрило во предниот дел од автомобилот „Форд Фокус“ кое, по магистралниот пат се движело во правец од Струга кон Подмоље.

По овластување на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во сообраќајот од Струга. Притоа, полициски службеник вршеше физичко регулирање и  пренасочување на возилата по регионалниот пат поради што немаше застој во сообраќајот.

 

 

 

16.03.2017 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега