Внуката на Мисирков:Тој кажал дека оваа држава е Македонија, дека овде македонски народ живее и македонски јазик се зборува

-Јас сум една од потомците на Крсте Петков Мисирков, мислам дека многу го познавам, ми е жал што многу интелектуалци го забораваат, а неговото дело е незаборавно, порача вечерва на собирот на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА неговата внука, Нада Мисиркова.

-Тој кажал дека оваа држава е Македонија, дека овде македонски народ живее и македонски јазик се зборува. Се надевам дека неговата борба не беше безпомошна, загина заради оваа Македонија,има многу луѓе кои што него можат да го разберат, кои што него можат да го почитуваат и да можат да ја завршат, таа работа која тој ја започнал уште пред  120 години. Верувам дека тој е многу жалосен што после 120 години, неговите мисли, неговите идеи не се исполнети. Се надевам дека неговото дело ќе биде на виделина и дека тој мирно и спокојно ќе спие, рече Нада Мисиркова. 

 

 

 

16.03.2017 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега