Марш „За заедничка Македонија“ во Крива Паланка

 

Македонија е наша една и единствена татковина, да остане обединета и унитарна, порачаа граѓаните од Крива Паланка на вечерашниот марш на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Деветти пат по ред тие излегоа на улиците и дадоа поддршка за зачувување на суверенитетот на државата, отфрлање на тиранската платформа и неприфаќање на двојазичност. 

Протестот почна од поранешен Далфис, продолжи по главната улица, преку центарот на градот се до зградата на локалната самоуправа на општината.

Граѓаните за утре најавија нов протестен марш.

 

 

 

16.03.2017 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега