„За заедничка Македонија“ по шеснаесетти пат вечерва во Велес

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ по шеснаесетти пат вечерва во Велес организира мирен протест пред споменикот на Панко Брашнаров во новиот дел на Велес.

Маршот, кој беше поддржан од граѓани на Велес, продолжи низ главната улица се до центарот на градот.

На присутните им се обрати Ненад Витанов, режисер од Велешкиот театар, кој потсети на Крушевскиот манифест и на неговото значење во борбата на македонскиот народ за своја татковина.

- Сите ние, граѓаните во Република Македонија кои сме обединети и живееме заедно без разлика на верска и друга припадност и кои се бориме за унитарна Македонија, Ве повикувам, како и досега, и понатаму да живееме заедно во мир, слога и просперитет на нашата татковина, порача Витанов.

 

 

 

 

16.03.2017 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега