Во Струмица вечерва продолжи протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

 

Во Струмица вечерва продолжи протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Граѓани се собраа на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ од каде што се упатија кон споменикот на Бежанците од 1913 година.

Професорот во струмичката гимназија Павле Стојанов, на оригинален „бежански“ говор ги прераскажа кажувањата на Бежанците кои, како што рече, ги слушнал кога бил дете.

- Единствено често спомнувано им беа маките, премрежјата и проблемите кога бегале во 1913 година и нивниот копнеж да се вратат кон своето огниште. „Чио’дме ние еден дем, долце чио’дме“, често велеа, чекајќи го мигот да се вратат во своите домови, кои според нив ги напупштиле пред Петровден, бегајќи директно од нивите, оставајќи се зад себе, рече Стојанов.

Граѓаните на Струмица, но и околните општини, веќе петнаесетина денови го искажат својот револт од, како што велат, наметнатата тиранска платформа, барајќи сите политички партии од македонскиот блок да го отфрлат овој документ и да се заложат за зачувување на унитарноста, идентитетот, името, знамето и химната. 

 

 

 

16.03.2017 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега