СДСМ ќе ја достави иницијативата за свикување на Собранието

Пратениците од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците, денеска ќе поднесат иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието до претседавачот на првата седница Трајко Вељаноски.

Извори од СДСМ за САКАМДАКАЖАМ, потврдуваат дека ќе поднесат иницијатива.

Според деловникот, нема предвидено рок во кој претседавачот е должен да свика продолжување на седницата од 30 декември минатата година, туку треба да го направи тоа кога ќе се создадат услови. Вељаноски треба да свика координација за да се одреди составот на Комисијата за избори и именувања, како и дневниот ред на седницата.

 

 

 

17.03.2017 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега