Ни доаѓа вистинска пролет: Временска за наредната недела

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 10 до 19 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

И во сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови од земјата повремено и засилен југозападен ветер. Утринската температура во сабота ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од 14 до 20 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од 12 до 20 степени. Дневната температура ќе биде во пораст особено за викендот и во првите денови од наредната недела и ќе се движи во интервал од 15 до 22 степена.

 

 

 

17.03.2017 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега