Карабатиќ повторно најдобар ракометар во светот

Меѓународната ракометна федерација, по трет пат, како најдобар ракометар во светот го прогласи францускиот ракометар Никола Карабатиќ.

Хрватскиот ракометар Домагој Дувњак, го зазема 4-то место.
Во изборот за најдобар ракометар учествуваа ракометни новинари, стручњаци и навивачи, а Карабатиќ уверливо го освои првото место.
Овој ракометар претходно два пати ја славеше победата во 2014 година и 2007 година.
Во женската конкуренција, наградата ја освои Румунката Кристина Неагу, за која ова е исто трет пат, откако за најдобра беше прогласена во 2010 и 2015 година.
 

 

 

17.03.2017 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега