Охрид и денеска во црвено-жолто за заедничка Македонија

Во Охрид вечерва продолжија протестите за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“. Протестот почна од плоштадот кај охридската гимназија, по што учесниците продефилираа по улицата „Димитар Влахов“ и булеварот „Македонски просветители“, од каде низ чаршијата се упатија на главниот градски плоштад „Св. Климент Охридски“.

ohrid zzm

Спасе Силјаноски во име на учесниците на протестот ги повика на слотеност сите граѓани независно од нивното политичко убедување бидејќи, како што рече, само така може да се победи надворешното зло што сака да ја разнебити државата.

Горан Лазороски истакна дека во Охрид официјално е регистрирано Македонското патриотско друштво „Методи Патче“, што целосно застанува зад инцијативата за унитарна Македонија.

– Тука сме јавно да се спротивставиме на тиранската платформа и на сите сили кои сакаат да го разнебитат македонското национално ткиво, единствената мајка Македонија, рече Лазороски.

Иницијативата „За заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени што го загрозуваат унитарниот карактер на државата.

Активистите на „За заедничка Македонија“ најавуваат дека протестите нема да запрат и во случај да се формира нова влада меѓу СДСМ и албанските партии.

 

 

 

17.03.2017 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега