Детето нападнато од кучиња оперирано 4 часа - еве каква му е состојбата

Македонија вчера ја потресе веста за четиригодишното детенце кое беше нападнато од глутница кучиња. Детето од кичевското село Бачишта се бори за живот откако беше нападнато од глутница кучиња. Операцијата траела повеќе од 4 часа, а детето има повреди на градниот кош главата пределот на стомакот и нозете извадени му се слезината и еден бубрег моментално е на интензивна нега приклучено на апарати за реанимација и е во критична состојба.

Сакајќи да појде до соседната куќа каде се наоѓал неговиот татко го нападнале повеќе кучиња скитници, но и кучиња кои се појавиле од соседната штала со овци сопственост на 49 годишен жител.

Извор: Сител

 

 

 

 

18.03.2017 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега