Полицијата го смируваше обвинетиот во „Диво Насеље": „Преведувај убаво мајмунке една"

Вчера под силно полициско обезбедување продолжи судењето за „Диво Насеље". Во текот на рочиштето имаше опомени од судијката до обвинетите и адвокатите, а целото рочиште заврши со навреди од обвинетиот Валдет Зекај кон овластената судска преведувачка од албански на македонски јазик која згрешила презиме. . На преводот почнаа да реагираат обвинетите, а обвинетиот Валдет Зекај стана и се обрати: "Преведувај како што треба, а не како што ти кажеле да преведуваш. Мајмунке една". 

Насуф Бекири пред Судот рече дека во Македонија бил повикан за голема Албанија, а не за Охридскиот рамковен договор, признавајќи дека учествувал во нападот на полициската станица и во Дивата населба. . Пед Судот кажа дека слушнал пукотници и излегол во дворот и, како што кажа, почнало да се војува.

Во немирите загинаа осум припадници на специјалните полициски единици, а имаше 37 повредени. По борбите на полицијата ѝ се предадоа 28 терористи.

 

 

 

 

 

 

18.03.2017 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега