Велосипед се заби во камион: Повредениот итно на скопските Клиники

Во 15 часот и 40минути на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, се случила сообраќајна незгода помеѓу камион “Фиат Фиорино“ со охридски регистерски ознаки управуван од 42-годишниот М.Н.  од селото Шипокно-охридско и велосипед управуван од 52-годишниот Б.И. од населбата Св.Стефан.

Во незгодата Б.И се здобил со тешки телесни повреди и тоа внатрешно крварење во главата и по укажаната лекарска помош во ОБОхрид, поради сериозноста на повредите истиот бил пренесен во Клиниките во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

18.03.2017 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега