Се преврте возило на патот Кочани-Штип

Во 01 часот и 20 минути на магистралниот пат Кочани-Штип, се случила  сообраќајна незгода во која 27-годишниот С.А.  од Неготино, управувајќи ПМВ возило „Сеад Ибица“ со неготински регистерски ознаки, изгубил контрола над истото и се превртел.

Полицијата денеска информира дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот, 20-годишниот А.С. од селото Стромош, по што во болницата во Штип и била укажаната лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

18.03.2017 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега