Голема акција на полицијата во Арачаиново: Падна линкот меѓу Заев и Села поради дрога

Голема полициска акција во која се приведувале дилери на дрога се одвивала вчера во скопското село Арачиново, неофицијално дознава Press24 од свои добро упатени извори во истрагата. Според нашите информации, станува збор за акција која се спроведувала подолг период, а во текот на вчерашниот ден, специјалните полициски единици извршиле претреси на повеќе локации.
Се уште немаме детални информации за тоа што точно е запленето во полициската акција.
Нашиот извор вели дека станува збор за група на луѓе кои купувале дрога од Арачиново и потоа ја препродавале во други градови низ Македонија.
Меѓу приведените, според нашиот извор е и едно лице кое важело за линк меѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на Алијансата Зијадин Села.
Од МВР се уште нема официјална потврда на овие информации. 

 

 

 

18.03.2017 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега