Иконата на Богородица излекува момче од Струмица - и лица од други религии бараат помош од неа

Секојдневно пред храмот „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица има редици граѓани кои се молат на чудотворната икона на Пресвета Богородица, која прави чуда. Нова Македонија пишува за иконата која досега помогнала на многумина. Отец Димитар, свештеник во овој храм, вели дека, покрај православните христијани, доаѓаат и лица со муслиманска вероисповед, како и од другите религии, и тие бараат помош од мајката божја, а вратите се отворени за сите.

Манастирската црква ја посетило 18-годишно момче од Струмица и застанало пред чудотворната икона да се помоли. Одеднаш, по молитвата, момчето, кое никогаш во животот немало изговорено ниту еден збор, започнало нејасно да зборува на македонски јазик: „Мајко пресвета, подари ми здравје“. Молебенот продолжил. Веднаш по завршувањето на молитвата, момчето се обратило кон присутните, кои заедно со него се молеле: „Ви благодарам на сите, веќе се чувствувам многу добро“.

Инаку, иконата е подарок од манастирот „Дохијар“, на Света Гора Атонска. Граѓаните доаѓаат да се помолат за благосостојба, здравје, среќа.

- Toa е моделот на меѓурелигиски соживот, кој отсекогаш опстојувал на овие простори, вели отец Димитар, свештеник во „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица. Вратите на храмот, додава отец Димитар, секогаш биле отворени и така ќе биде секогаш, за секој добронамерник. 

Нова Македонија

 

 

 

 

 

18.03.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега