Цело село и пожарни гаснеа пожар во кочанско

Кочанската територијална противпожарна единица денеска излезе со информација за големиот шумски пожар кој вчера попладе го зафати атарот на село Костин Дол,  Кочанско.

- По дојава за пожар во 15 часот и 22 минути во планинскиот терен на Осоговијата кај селото Костин Дол, наша екипа со две возила и пет пожарникари учествуваше во неговото гаснење. Во пожарот беа зафатени над 60 хектари дабова шума и смрека како и 40-ина родни дрвца од овоштарник. Бидејќи се работи за планински терен во Осоговијата, пожарот го локализиравме доцна во ноќта, некаде по 22 часот и 30 минути. Според првичните проценки, направена е голема материјална штета која допрва ќе се проценува, изјави Даме Јакимов, дежурен пожарникар во Кочанската противпожарна единица.

Јакимов истакна дека во гаснењето на пожарот учествувале и десетина жители од село Костин Дол. За причините за настанување на пожарот се очекува официјално соопштение од недлежните органи. 

 

 

 

18.03.2017 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега