ВМРО-ДПМНЕ: Потврдениот рејтинг од „Стандард и Пурс“ резултат на добрите економски политики

Потврдувањето на кредитниот рејтинг на Македонија, ББ- со стабилен изглед, од страна на кредитната агенција „Стандард и Пурс“, според ВМРО-ДПМНЕ, е потврда дека благодарение на добрите економски политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, економијата и покрај наметната политичка криза од страна на Социјалдемократскиот сојуз бележи позитивни трендови.

- Од Агенцијата очекуваат невработеноста да продолжи да се намалува во континуитет од година во година и во 2020-тата година да се сведе на 21,5 отсто. Согласно нивните проекции инвестициите и извозот ќе продолжат да растат, рече на денешната прес-конференција Христијан Мицковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека во извештајот „Стандард и Пурс“ пишува дека слободните економски зони ќе бидат генератор на економскиот раст, особено преку соработката со домашните локални компании и добавувачи.

- Како што наведуваат од рејтинг агенцијата, буџетскиот дефицит од 2,8 проценти во 2016 година е низок и посочуваат дека државниот долг може да се квалификува како низок во споредба со земјите со ист кредитен рејтинг. Како „Стандард и Пурс“, во февруари годинава и кредитната агенција Фич го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, наведувајќи дека согласно економските перформанси, земјата заслужува повисок рејтинг од сегашниот, но поради наметнатата политичка криза не можат да дадат повисок рејтинг, рече тој.

Додаде дека овие резултати кои ги постигнува македонската економија и покрај, како што рече, наметнатата политичка криза од СДСМ, се благодарение на големиот број на реформи и проекти кои ги спровело ВМРО-ДПМНЕ во последните години.

За добрите економски политики, рече, пристигнуваат признанија и од други престижни странски институции како што се Европската Комисија, Светската Банка и светската банка.

Како резултат на успешни економски политики, според Мицковски, во изминатите години невработеноста се намалила од рекордни 38 проценти од времето на Социјалдемократскиот сојуз на сегашните 23,1 процент, а во Македонија се отворија над 170 илјади нови работни места.

 

 

 

18.03.2017 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега