Утре почнува пролетта - подгответе се за летно сметање на времето
Пролетта на северната хемисфера почнува утре во 11:20 часот. Во исто време на јужната хемисфера ќе настапи есента.
Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 18 минути по полноќ, а ќе зајде во 10 часот и 16 минути.
На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде сончево и топло со минимална температура од 0 до 6 степени и дневни температури од 15 до 21 степен.
Наредниот викенд, ноќта меѓу 25-ти и 26 март, ќе почне летното сметање на времето, со тоа што стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа