Ова се температурите во Македонија: Ни доаѓа пролет

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб дожд во северните делови. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до седум, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со слаб дожд и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно и потопло, освен во вторник кога повторно ќе има услови за слаб локален дожд. Дневната температура ќе биде во благ пораст.

Утрово измерени се 3 степени во Берово, 4 Лазарополе, Крива Паланка, 5 Струмица, Крушево, Гевгелија, Дебар, 6 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Дојран, Маврово, Битола, 7 Претор, Прилеп, 8 Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Виница, Охрид, 9 Тополчани, Ѓуриште, 10 Тетово, Пожаране.

 

 

 

19.03.2017 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега