Денеска и утре времен сообраќаен режим - еве каде нема да се вози

Поради интензивирање на градежните работи на дел од улицата „Северен булевар“ или на влезот во Кавадарци од страна на Росоман, општина Кавадарци воведува времен режим на одвивање на сообраќајот на делницата од новиот кружен тек над училиштето „Гоце Делчев“, до спојот со „Северен булевар“.

Ова денеска го истакнаа од Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа.

-За таа цел се известуваат учесниците во сообраќајот како и граѓаните, дека денеска и утре, за сообраќај е затворена едната коловозна лента во насока од Росоман кон новиот кружен тек во Кавадарци. На овој потег сообраќајот ќе се одвива конторлирано по едната коловозна лента во двата правци, посочија од Службата за информирање.

На 22 и 23 март за сообраќај ќе биде затворена лентата во обратен правец, од новиот кружен тек кон Росоман.

-Општината со надлежните и сообраќајната полиција ги презеде сите мерки за соодветно одбележување и поставување на патна сигнализација. Се молат граѓаните и возачите да се придржуваат кон новиот времен режим на сообраќајот и да ја почитуваат соодветната патна сигнализација, истакнаа од Инфо службата при локалната самоуправа. 

 

 

 

20.03.2017 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега