Никовски: Имаме криза и платформа кои треба да водат во пречкртување на Македонија

Посетата на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, кои заедно со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн денеска ќе пристигнат во Скопје и ќе се сретнат со македонските претставници, нема да донесат никакво поместување во надминување на политичката криза во која Македонија се наоѓа долг период, сметаат политичките аналитичари. Она што единствено го очекуваат од еврокомесарот е да се обиде да изврши жесток притисок врз претседателот Ѓорге Иванов и врз претседателот на ВМРО ДПМНЕ да го дадат мандатот на СДСМ, иако оваа политичка партија доби помал број пратеници.

– Хан, очигледно, доаѓа за да врши жесток притисок за реализација на нивните политики кои не кореспондираат со македонските интереси. Да потсетиме дека Брисел од 2008 година ја блокира, уценува и ја држи под ултиматум Македонија – со името, потоа со членство, што е политика која тешко може да се брани и сигурно им тежи на сите нивни политичари. Затоа и имаме криза и платформа кои треба да водат во пречкртување на Македонија и токму затоа Хан ќе биде во Скопје. Наше е да издржиме и да ги одбраниме своите универзални права кои, за жал, не ги поткопува само Тирана туку и нашата опозиција, вели политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор Ристо Никовски.

 

 

 

20.03.2017 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега