ФОТО: Охриѓани порачаа: Никој да не си игра со државата!

Во Охрид и денеска граѓани преку марш низ улиците на градот ја изразија својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, изразувајќи ја својата загриженост за иднината на државата и за зачувување на унитарниот карактер на Република Македонија.

Игор Јовески, претседател на Здружението „Илинденски марш“ од Охрид, во име на учесниците на протестот порача дека сега како никогаш досега е потребна сплотеност на македонскиот народ.

- Никој да не си игра со државата и да не ги става на коцка државните интереси на земјата која е се што имаме, рече тој потсетувајќи дека учесниците на протестот се за отфрлање на Тиранската платформа и против мешање на други држави во земјата.

Величе Макркоски истакна дека народот е собран тука во Охрид со една цел - да се сочува од единствено слободно парче од Македонија, нејзиниот јазик, грб, химна.

- Единствена задача наша е да ја зачуваме својата држава, самостојна, независна Република Македонија, рече тој.

Учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.

Група ученици од средното техничко училиште ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид утрово се приклучија кон протестите на иницијатавата „За заедничка Македонија“, за кои истакнаа дека се насочени кон зачувување на унитарноста на државата, а против двојазичност и федерализација.

Тие се упатија пред охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ и економското средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“, повикувајќи ги своите врсници да се приклучат кон протестот.

Стотина среднишколци со знамиња и скандирања потоа се упатија кон Градскиот плоштад, каде ги истакнаа своите барања дека се за зачувување на унитарниот карактер на државата, изразувајќи поддршка на политиката на претседателот Ѓорѓе Иванов.

 

 

 

20.03.2017 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега