Претседателот на Врховниот суд денеска на средби со Зврлевски и Јанева

Новиот Претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски денеска ги покани на работни средби Јавниот обвинител, Специјалната јавна обвинителка и Претседателот на Адвокатската комора.

 

„На покана на Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија ќе се одржат работни средби со претставници на странките во постапките и тоа:

Во 11 часот со Јавниот обвинител на РМ г-дин Марко Зврлевски;

Во 12 часот со Претседателот на Адвокатска комора на РМ г-дин Никола Додевски и

Во 13 часот со Специјалниот јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите г-ѓа Катица Јанева.

 

По завршување на средбите ќе бидат дадени изјави за јавноста.“ – стои во соопштението испратено од Врховниот суд.

 

 

 

21.03.2017 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа