ТЕЛЕГРАФ: Комесарот Хан бега од народот - Неговиот „Мерцедес“ паркиран на задниот излез

Неговото обезбедување очигледно е загрижено за безбедноста и „мерцедесот“ е паркиран на задниот излез наместо на влезот од страната на булеварот, пишува Телеграф

Сѐ повеќе народ се собира пред делегацијата на ЕУ каде што во моментов се наоѓаат комесарот Јоханес Хан и тројцата европратеници. Тие се револтирани од неговото однесување и одбивањето да се сретне со граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и покрај тоа што претседателот Иванов им го отстапи терминот за средба.

Комесарот во секој момент треба да замине во Собранието на средба со политичките партии, но неговото обезбедување, како и полицијата, очигледно е загрижено за безбедноста и „мерцедесот“ е паркиран на задниот излез наместо на влезот од страната на булеварот.

 

Фото: Телеграф

 

 

 

21.03.2017 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега