ВМРО ДПМНЕ: СДСМ продолжува да ја манипулира јавноста

СДСМ продолжува да ја замајува и манипулира јавноста со прес конференции со кои сакаат да го оттргнат вниманието од актуелната политичка ситуација. Ваквите беспредметни прес конференции нема да му помогнат на СДСМ во обидот да ја спроведат Тиранската Платформа која не доби поддршка од народот на последните избори. 

ВМРО-ДПМНЕ бара и СДСМ да има разбирање за волјата на граѓаните и да отстапи од Тиранската Платформа.

Во содржината на Тиранската Платформа има делови кои сериозно водат кон редефинирање на Македонија и нејзино претворање од унитарна и мултиетничка држава, во бинационална држава со тенденција за федерализација.

Доколку СДСМ се грижи за македонската култура прво ќе мора да се заложи за зачувување на нејзината посебност и државност.

Одбивањето на Тиранската Платформа е од суштинско значење за целиот народ и држава. Очекуваме СДСМ да се одважи и јасно и гласно да ја одбие во целост.

 

 

 

 

21.03.2017 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега