Протест на „За заедничка Македонија“ во Струмица

 Македонскиот народ сам може да ја чува и брани Македонија, за тоа не ни требаат претставниците на ЕУ, порачаа вечерва од Струмица учесниците на протестот што го организира иницијативата „За заедничка Македонија“. 

Собрани пред споменикот на Гоце Делчев, упатија апел за зачувување на унитарноста и идентитетот на државата.

Граѓаните ги прочитаа и пораките за зачувување на јазикот, грбот и името на Македонија.

- Народот е доволно мудар сам да ја реши кризата, истакнаа учесниците на протестот, алудирајќи на помошта од ЕУ и односот на други странски дипломати.

Маршот продолжи низ централното градско подрачје.

 

 

 

21.03.2017 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега