Српски „Телеграф“: 100.000 граѓани на улиците во Скопје (ексклузивни снимки од дрон)

дронс640

Бриселскиот еврокомесар Хан во Скопје е пречекан со паролите „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ , додека на улиците во 43 градови низ целата држава излегоа над 250 илјади луѓе.

MAKEDONIJA-1-620x350

Хан со тројца еврокомесари допатуваа во Скопје се со цел да и помогнат на Македонија да излезе од повеќе годишната политичка криза и да ги смири тензиите, посебно по завршувањето на вонредните парламентарни избори во декември, пишува српскиот портал.

Македонија речиси и три месеци по изборите нема формирано влада, нема ниту претседател на собранието, а не се распишани ниту локалните избори бидејќи тоа немаше кога да се случи.

MAKEDONIJA-2

Во текстот порталот вели дека Хан и порано побарал од  претседателот Иванов да потврди дали е сигурен во донесената одлука дека нема да го дава мандатот на СДСМ и нивниот лидер Заев кој парламентарното мнозинство го обезбеди со албанските партии ДУИ и БЕСА.

MAKEDONIJA-3

Ѓраѓаните на протестот извикуваа „Не ја даваме Македонија“ и „ Нема да дозволиме Албанска држава“. Иванов смета дека со давање на мандатот на СДСМ ќе се загрози сувереноста на државата, додека ВМРО-ДПМНЕ бараше од Заев да се откаже од Тиранската платформа, која Заев ја прифат, а која им ги гарантира сите права на Албанците исто како и Македонците.

Од кабинетот на Иванов денеска соопштија дека претседателот кој е во службена посета на Унгарија нема да се сретне со Хан.

Телеграф пишува дека како што пренесуваат македонските медиуми, дека Иванов предложил Хан наместо со него да се сретне со организаторите на протестот именувани како ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА кои веќе петта недела по ред се на улиците низ целата држава.

MAKEDONIJA-4

Инаку од аредромот до седиштето на ЕУ во Скопје, Хан и европратениците беа дочекани со транспаренти и македонски знамиња, кои ги поставија организаторите на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, пренесува српски телеграф.

MAKEDONIJA-5

 

 

 

 

21.03.2017 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега