Протест во Штип: Хан не ни е потребен, сами ќе си ја решиме ситуацијата

Нема да се дозволи разнебитување на државата и прифаќање странски платформи, порачаа вечерва од Штип граѓаните кои со учество на мирниот протест ја поддржаа иницијативата „За заедничка Македонија“.

За некои од нив е непотребно, како што рекоа, присуството на високите претставници на ЕУ во Скопје

- Хан не ни е потребен, не треба да дозволиме да ни се меша. Имаме златен народ и сами ќе си ја решиме ситуацијата, изјави Борјанка Лазарова, учесник на протестниот марш.

Маршот почна пред соборниот храм „Свети Никола“, по што граѓаните мирно, со транспаренти и со македонски знамиња протестираа низ централното градско подрачје. Протестниот марш заврши на малиот плоштад кај кружниот тек кај Стопанска банка.

Претставниците на граѓанската иницијатива „За заеничка Македонија“ истакнаа дека протестите ќе продолжат се додека не се реши политичката криза во земјава. 

 

 

 

21.03.2017 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега