Охриѓанка пред камера кинеше фотографии: Се срамам што бев во „Шарената револуција“, сакам да си бидам со мојот народ (ВИДЕО)

Јас бев дел од Шарената Револуција, а во овој момент се срамам што сум била, затоа што кога протестиравме, сите, Македонци, Албанци, бевме за подобар живот, а тие буквално ни наметнаа Тиранска платформа.

Ова го истакна Гордана Маркоска, поранешен активист на т.н. Шарена Револуција, која денеска во Охрид кинеше фотографии од протестите на кои присуствувала. Таа денеска се приклучи кон граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Јас лично се срамам за ова, и сакам да си бидам со мојот народ. Македонија да си биде унитарна, едно име, едно знаме, еден грб. И сите граѓани во РМ да имаат исти права, посочи Маркоска.

Апелираше до лидерот на СДСМ, Зоран Заев да не ја прифаќа Тиранската платформа.

 

 

 

21.03.2017 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега