СДСМ почна физички да ги напаѓа граѓаните што ја бранат Македонија (ВИДЕО)

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово, вечерва нападна граѓанин кој со својот трактор учествуваше во масовниот марш во градот организиран од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Претседателот на ОО на СДСМ Куманово, во видно алкохолизирана состојба физички нападна учесници на маршот „За заедничка Македонија“. Имено, излегувајќи од штабот на СДСМ во Куманово (стар комитет), со тупаници се нафрлил врз двајца луѓе, од кои едниот бил качен на трактор и се враќал од маршот, притоа користејќи и вербални навреди како „Да ти е*у мајку македонску“!

Гневот и очајот во општинската организација на СДСМ кулминираа деновиве бидејќи огромен број кумановчани, меѓу кои и членови на СДСМ ја осудуваат политиката на Заев и неговото раководство, која е спротивна на националните и државни интереси.

Кумановчани, вклучувајќи ги и членовите на СДСМ се’ помасовно излегуваат на улиците во градот и бараат Заев да ја отфрли платформата од Тирана. Вечерашниот протест беше најмасовен досега.

Според информациите нападнати биле Раде Ц. и Николче М. од селото Пчиња. Како што објавија медиумите, напаѓачот е Мартин Костовски кој е приведен и откако бил алкотестиран било утврдено дека имал 1,42 промили алкохол во крвта.  Повредениот Николче М. моментално се наоѓа на интезивна нега по здобиените телесни повреди.

 

 

 

21.03.2017 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега