Антонио Милошоски предложи две решенија за излез од кризата

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва соопшти дека има две решенија за излез од кризата. 

Првото е лидерот на СДСМ, Зоран Заев да формира влада, но да се откаже од платформата на албанските партии. 

Второто решение е според нив организирање на локални и парламентарни избори заедно. 

„Бидејќи ќе имаме локални избори за два месеци или за пет месеци, цела држава ќе биде во предизборна атмосфера, и тешко би било да се работи на проекти. Затоа би било подобро на еден трошок да се одржат изборите, за да може секој граѓанин да биде сигурен во својот избор“ - рече Милошоски. 

Тој додаде дека со комесарот Јоханес Хан имале конструктивен разговор. 

 

 

 

21.03.2017 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега