„За заедничка Македонија“: После 200.000 луѓе на улица Хан е без зборови - одиме до крај

Јоханес Хан ја откажа планираната прес конференција. Нема поголема потврда за нашата заедничка победа!!! После 200.000 луѓе на улица, и Хан е без зборови. Борбата продолжува. Но, мириса… мириса на победа, напиша на својот ФБ профил Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Македонските граѓани покажаа огромна зрелост и достоинство. Во досега невидена бројка излезе горд и чесен народ кој јасно и недвосмислено кажа кои се црвено жолтите линии. После ова нема назад, совршено јасно е дека одиме до крај со нашата цел зачувување на државата и ултимативно отфрлање на тиранската платформа. Борбата продолжува. Се гледаме утре 17:00 часот #4 Илинден, објавено е на ФБ профилот на иницијативата.

 

 

 

22.03.2017 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега