Исчезнатиот тетовчанец пронајден мртов - што му се случило?

Во 07 часот и 45 минути во Полицијата во Камењане, 49-годишниот Б.Ј. селото Долно Палчиште пријавил дека во одводен канал на местото „Пропаст“, во атарот на селото Долно Палчиште, го пронашол починат неговиот татко, 77-годишниот Ј.Ј.

Старецот на 20 месецов бил пријавен за исчезнат. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Притоа, било констатирано дека нема траги на насилна смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

 

 

 

22.03.2017 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега