Старец од Радовиш почина во бизарна несреќа

Во 21 часот и 15 минути синоќа во Полицијата во Радовиш, дежурен лекар во Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив бил донесен повреден 81-годишниот А.Р. од селото Конче.

Полциијата информира дека старецот  најверојатно на местото „Конечки дол“ се превртел со трактор. По укажаната лекарска помош истиот бил  пренесен во Клинички центар Штип. Околу десетина минути по полноќ лицето починало во Клинички центар Штип.

Увид местото на настанот ќе се врши денеска.

 

 

 

22.03.2017 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега