Страшна сообраќајка во Велес: Малолетник се заби во бетонски ѕид

Во 18 часот и 20 часот во Велес на улицата „Благој Ѓорев“ се случила сообраќајна незгода во која седумнаесетгодишник од Велес, управувајќи мотоцикл „Херц 200 цм3“ без регистарски ознаки, изгубил контрола над истиот и удрил во бетонски sид.

Во незгодата возачот заедно со седумнаесетгодишниот сопатник од Велес се здобиле со тешки телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Јавната здравствена установа Велес, но поради сериозноста на повредите, возачот бил пренесен во КАРИЛ-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Велес.

 

 

 

22.03.2017 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега