Страшна несреќа во Скопје - младо момче се бори за живот
Во 14 часот на регионалниот пат Скопје-Козјак, во атарот на селото Маркова Сушица, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Даеву Рејсер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот И.Ш. од селото Елово, скопско и Трактор „ИМТ577“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 58-годишниот Д.А. од селото Сопиште, скопско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Ш. и сопатникот од возилото „Даеву Рејсер“, 26-гоидшниот Д.Ш. од селото Елово. Со возило на Итна медицинска помош истите биле пренесени во Ургентен центар Скопје. И.Ш. по укажаната лекарска помош е задржан на КАРИЛ и се наоѓа во животна опасност, а Д.Ш е задржан на Клиниката за Торакална хирургија. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа