Хорор во Македонија: Млада девојка била силувана со години

Кривична пријава заработи 25-годишниот монструм Д.М. од селото Ракитец - Општина Конче поради „силување“. Тој во периодот од ноември 2014 година до октомври 2016 година во повеќе наврати извршил силување и други полови дејствија над 19 годишна жителка на кочанско село. Откако таа ја прекинала љубовната врска со него, истиот ја натерал да му испрати на фејсбук неколку слики со експлицитна содржина, а по добивање на истите, пријавениот во повеќе наврати ја уценувал и и се заканувал дека ќе ги објави сликите на нејзини блиски роднини и пријатели, со што ја присилувал на обљуба и други полови дејства.

 

 

 

22.03.2017 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега