Претепан Британец во Македонија - полицијата трага по насилниците

Основното јавно обвинителство - Гостивар координира интензивна потрага по лицата кои вечра нападнале британски државјанин на патот од одморалиштето Бунец кон Маврово. 

Како што соопшти, надлежен јавен обвинител земал изјава од оштетениот и издал наредби во насока на расветлување на настанот.

Британскиот велосипедист бил пресретнат и нападнат од три непознати лица кои, според неговиот исказ, го врзале и го внеле во возило и во исто време му ги одзеле платежните картички што ги поседувал. Искористувајќи момент кога бил сам, со еден од напаѓачите, британскиот државјанин се ослободил и на напаѓачот му задал неколку удари со нож што го имал во себе. Откако избегал во блиската шума, преку социјалните мрежи ги алармирал родителите и пријателите. Тие се обратиле до британската полиција која преку Британската амбасада во Скопје ја известила Полициската станица Гостивар, по што веднаш била иницирана потрага по него. Оштетениот е пронајден во близина на каменоломот Пелагонија денеска во раните утрински часови.

 

 

 

22.03.2017 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега