Драма во автобус на ЈСП: Малолетник брутално истепан од група насилници

Среде бел ден се одвивала драма во автобус на ЈСП Скопје. 45-годишниот И.Б. од селото Долно Лисиче, скопско, пријавил дека истиот ден околу 14 часот во автобус на ЈСП-Скопје со број 7  неговиот 17-годишен син заедно со неговиот другар физички биле нападнати од околу 20 непознати лица. На автобуската постојка на булеварот „3-та Македонска Бригада“, во близина на средното „Марија Кири Склодовска“, во автобусот се качиле околу 20 непознати лица на возраст од 14 до 18 години. Неколку од нив почнале да го влечат неговиот син и кога го истуркале надвор физички го нападнале удирајќи го со раце и нозе во пределот на телото. Потоа се свртеле кон неговиот другар и почнале да го удираат со шлаканици по задниот дел на главата, но тој успеал да избега.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

23.03.2017 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега