Гостивар: Го ограбиле, киднапирале и малтретирале со часови

Во 06 часот во Полицијата во Гостивар, од Лондон-Велика Британија, било пријавено дека 32-годишниот O.M.J. од Холингтон-Велика Британија, кој бил во шума во близина на Ново Село, побарал помош.

Полицијата информира дека околу 07 часот и 25 минути полициски службеници излегле на местото при што, помеѓу каменоломите на магистралниот пат Гостивар-Кичево,  на ридот било забележано лицето кое пријавило дека врз него било извршено кривично дело „разбојништво“. Имено, околу 19.00 часот, движејќи се на наведениот пат со велосипед, на околу 500 метри од крстосницата за „Бунец“-Маврово, бил запрен од три непознати лица кои му побарале пари.  Тој исплашен за својот живот им дал 2.000 денари и две кредитни картички, по што две од лицата заминале за Гостивар, а едното лице останало да го чува. 

После половина час двете лица се вратиле, а лицето што го чувало со текстилна лента му ги врзало рацете, го внел во возилото и се упатиле кон Гостивар. Тој бил на задното седиште, но успеал да извади нож кој го носел со себе, се одврзал и на едно од лицата му задал неколку  удари со ножот. 

Напаѓачите го запреле возилото, а Британецот успеал да ја отвори задната врата и избегал во правец на планината. Оттаму, со неговиот мобилен телефон преку социјалните мрежи успеал да се лоцира, од каде неговите родители од Велика Британија пријавиле во Полициска станица. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

23.03.2017 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега