И вечерва Охрид е на нозе за одбрана на Македонија

Граѓани на Охрид и попладнево се собраа на марш низ улиците на градот, како дел од собирите што се организираат низ земјата во рамки на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија".

Тие на тој начин ја изразија својата решеност да истраат во напорите за зачувување на унитарноста на државата, одбрана на Уставот на Македонија и суштината на вредностите на општеството. ­

Не можеме да се помириме со фактот дека со политички сценарија и прифаќање странска платформа, СДСМ сака на нечесен начин да дојде на власт, притоа разнебитувајќи ги најважните придобивки на државата, како јазикот, химната, знамето, дури и федерализирање на државата и прогласување на македонскиот како геноциден народ, рече во име на учесниците на протестот Миле Христоски.

 

 Катерина Стефановска додаде дека нивното присуство докажува дека нема отстапување од ниту еден сегмент од она што значи македонски идентитет. ­ Секој ден сме тука на браникот на татковината и нема да дозволиме некој да ги погази нашите патриотски чувства. Тука сме да во одбрана на нашиот идентитет, нашето минато и да ја обезбедиме нашата иднина, рече таа. Вообичаено протестот почна на плоштадот кај охридската гимназија, за преку марш низ улиците на градот да заврши на централниот градски плоштад „Свети Климент Охридски".

 

 

 

23.03.2017 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега