Вечерва страшна сообраќајка пред Велес: Излетал од патот и пропаднал во 30 метарска бездна

Две лица поминале без повреди во страшна сообраќајна несреќа која вечерва се случила во Велес во близина на Костурница. Според се уште неофицијалните информации, тие управувајќи автомобил Шевролет Спарк излетале од патот и пропаднале во бездна длабока 30 метри.
Вистинско чудо е како патниците на возраст од 40 и 16 години поминале неповредени. Полицијата извршила увид.
Велешани велат дека ова не е прв пат автомобил да излета во провалија на истата точка. Апелираат за дополнително обезбедување на патот и внимателно возење.

 

 

 

23.03.2017 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега