УХМР најавува нови временски неприлики

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде претежно сончево, попладне во планинските подрачја со појава на мала до умерена локална облачност. Преку денот ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од 22 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Во сабота во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд особено во планинските подрачја. Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките планини со услови за повремен снег, а ќе дува и умерен до засилен југозападен ветер. Ќе има и услови за ретки грмежи.

Од понеделник се очекува дневната температура позначително да опадне и да се движи од девет до 16 степени.

 

 

 

23.03.2017 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега