Протест во Струмица: Апетитите на малцинството ги надминуваат рамките на Уставот

Струмичани и вечерва и дадоа поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ излегувајќи на протестен марш низ централното градско подрачје.

– Македонија е место за сите лојални граѓани, без фаворизирање на некое малцинство чии апетити ги надминуваат границите на Уставот, рече Лазар Патриков, учесник на мирниот протест.

Граѓаните упатија пораки за зачувување на унитарноста на Макеоднија, нејзиниот идентитет, име, химна, знаме, отфрлање на платформата на албанските партии и заштита на уставноста и законитоста.

 

 

 

23.03.2017 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега