Конечно: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ застанаа на иста страна

Наскоро граѓаните на општина Гевгелија ќе гласаат „за“ или „против“ доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини, злато и бакар, на дел од планината Кожуф. На 16 март одлуката за референдум едногласно ја донесе Советот на општината. Ова е можеби единствен случај кога советници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ беа на истата страна.

 

Иницијативата за референдумот беше поднесена од граѓанското здружение „Спас за нас“.

На територијата на општина Гевгелија досега се издадени две концесии за детални геолошки истражувања за металични минерални суровини. Истражувањата се веќе при крај и канадската компанија, сопственик на концесијата, веќе поднесе барање за добивање концесија за експлоатација на земјиштето преку постапка наречена лужење.

Советот на општина Гевгелија оцени дека на планината Кожуф нема никакви услови за експлоатација на злато, без разлика на резултатите од истражувањето, бидејќи областа важи за еко-регион во кој се произведува здрава храна, а наскоро токму во тој регион треба да се гради и капиталниот проект „Коњска брана“.

 

 

 

23.03.2017 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега