Ќе те убијам - вака охриѓанец и се заканувал на својата сопруга пред колегите

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 38-годишниот А.И.  од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело загрозување на сигурноста.

Како што информира од СВР Охрид, пријавениот подолг период психички ја малтретирал сопругата со која не живеел повеќе заедно. Тој постојано ја навредувал и ѝ се заканувал дека ќе ја убие. Често пати одел и на нејзиното работно место.

- На 25 минатиот месец пријавениот А.И. по серија упатени СМС-пораки со закани отишол на нејзиното работно место и пред присутните колеги почнал со вербални навреди и закани за животот и за нејзината сигурност. На тој начин, пријавениот предизвикал страв и несигурност кај неговата сопруга, но и кај останатите присутни во деловниот објект - информира Димоски.  

Полциијата го расветлува случајот. 

 

 

 

24.03.2017 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега