Кривична за првиот човек на СДСМ Куманово поради напад врз двајца демонстранти за време на протестот

Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривична пријава за извршено кривично дело насилство против првиот човек на Општинскиот комитет на СДСМ Куманово.

На ден 21.03.2017 година околу 19:40 часот по завршување на протестниот марш „Заедничка Македонија“ во централното градско подрачје во Куманово поточно на улицата „Илинденска“ пред зградата на поранешен Комитет – сегашен угостителски објект „Корзо“, при заминување на тракторите кои учествувале во маршот истите биле пресретнати од лицето М.К. – 34-години од Куманово, Претседател на Општински комитет на СДСМ за Куманово, кој се нафрлил на првиот трактор и удирајќи по тракторот управуван од Р.Ц. – 56 години од село Пчиња, му упатил разни навредливи зборови.

Потоа М.К. се упатил и кон вториот трактор управуван од Н.М. – 23 години од село Пчиња, Куманово и без никаков повод и причина го навредувал, го повлекол од тракторот и физички го нападнал ударајќи го со тупаници во пределот на телото, нанесувајќи му притоа телесни повреди – контузија на вратната кичма.

Од страна на полициските службеници од СВР Куманово се рпезвземени мерки и активности за расчистување на настанот при што лицето М.К. е приведен во просториите на СВР, извршено е алкотестирање над истиот при што се утврдени 1,47 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање и расчистување на настанот до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривично дело „насилство“, стои во соопштението од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Кога го прашавме за коментар претседателот на ОО СДСМ Куманово со видно изненадена реакција рече дека првин мора да се консултира со својот адвокат, а во текот на денот очекуваме и негов конткретен одговор.

 

 

 

 

 

 

24.03.2017 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега