Насилници упаднале во куќа во Кисела Вода - три лица завршија во болница

Вчера во 12.00 часот во полциската станица во  Кисела Вода  А.М. (47) од Скопје пријавила дека на 22.03.2017 година околу 22.00 часот, додека седела на терасата заедно со нејзиниот сосед Х.Е., а нејзиниот син Е.Х. и ќерката М.Х. биле внатре, пред нејзиниот дом се паркирале три возила. Од возилата излегле нејзиниот сосед  Д.Н. со уште десет непознати лица и почнале да викаат да излезе нејзиниот син, при што се заканувале дека ќе го убијат. Е.Х. излегол по што Д.Н. и непознатите лица физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци по главата и телото. А.М. се уплашила за животот на нејзиниот син и почнала да вика и да бара помош. Во тој момент дошол нејзиниот брат Р.М. и се обидел да му помогне на Е.Х., но тие физички го нападнале удирајќи  го со клоци и тупаници по главата и цело тело. Напаѓачите, исто така, ја нападнале и А.М., по што побегнале во непознат правец. Од нападот А.М., Е.Х. и Р.М. се здобиле со телесни повреди констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

24.03.2017 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега