Нападнат возачот на турскиот амбасадор во Македонија

Полицијата соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на непознатото лице кое вчера попладне физички го нападна возачот на турскиот амбасадор во Македонија, додека со службеното возило бил паркиран пред македонското Министерство за култура.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, вчера во 16:15 часот во Скопје, пред Министерство за култура било паркирано  возило „Мерцедес“ со дипломатски таблички од Амбасадата на Турција. Во еден момент дошло непознато лице и се обидело да го извади знамето на Турција од возилото. Откако не успеало во намерата, физички го нападнал О.С. (57) од Скопје, возач на турскиот амбасадор во државава. 

Напаѓачот го удрил возачот со тупаница во пределот на главата, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот, соопшти МВР во редовниот Билтен.

 

 

 

24.03.2017 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега